Oсигурување на лица

1)Колективно осигурување од несреќен случај

Колективното осигурување на работници од последица на незгода (несреќен случај) овозможува ублажување на економските последици за компанијата и за самите работници од несреќните случаи кои можат да настанат на работно место или каде било во секојдневниот живот просторно и временски неограничено.
Под несреќен случај се подразбира секој неочекуван иден настан, независен од волјата на осигуреникот, предизвикан однадвор и нагло на телото на осигуреникот, а последиците се смрт, целосен или делумен инвалидитет, привремена или трајна неспособност за работа и нарушување на здравјето кое бара лекарска помош.
Ризици кои  можат да се осигураат се:

  • смрт од последици на несреќен случај,
  • смрт од болест,
  • траен губиток на општата работна способност (траен инвалидитет),
  • привремена неспособност за работа како последица на несреќен случај –дневен надомест,
  • трошоци за лекување.