1) Патничко осигурување
Вашето здравје и безбедност треба да бидат на врвот на листата кога планирате патување. Ние сакаме Вие да патувате мирно и безгрижно и затоа Ви нудиме спектар на услуги со што Ви гарантираме безгрижно патување и покривање на најчестите ризици што демнат на патот.
Патничкото осигурување е осигурување на лица за време на патување и престој во странство кое содржи неопходна здравствена помош, осигурување од незгода, осигурување на багаж и надомест за изгубени патни документи.
2) Здравствено осигурување
Ништо не е поважно од нашето здравје. Изборот на поздрав начин на живот подразбира и носење вистински одлуки за негова заштита. Притоа трошоците не смеат да бидат пречка да си ја овозможиме врвната здравствена грижа што ја заслужуваме.
Изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за Вас и за Вашите најблиски. Ви нудиме нова можност за врвна заштита на Вашето здравје, која што одговара на Вашите потреби и на Вашиот буџет, осигурување на специјалистичко-амбулантно лекување.
Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистичко-амбулантни здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.