Политика на приватност

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите административни услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци 

Контролор на личните податоци е Осигурително Брокерско Друштво АМ Брокер АД Скопје, ул.„16 Македонска бригада“ број 2 Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.

Чии податоци собираме 

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Лицата кои контактираат со нас за дополнителни информации преку контакт формата. Податоците доаѓаат до нас преку и-меил пораки на одреден и-меил профил. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња (линк).
  • Лица кои бараат вработување во Осигурително Брокерско Друштво АМ Брокер АД Скопје, врз основа на Законот за работни односи. Податоците доаѓаат до нас преку и-меил пораки на одреден и-меил профил, со користење на формата “кариера во АМ Брокер”.

Цел

Информирање на клиентите за пакетите кои се нудат од страна на осигурителните брокери на АМ Брокер.

Категории на податоци кои се обработуваат 

  1. Податоци за навигација

При посетата на нашата интернет страна ние не собираме никакви информации за посетителите. На веб страната нема инсталирано плагини кои имаат намена да собираат информации од посетителите и кои би се користеле за статистички извештаи.

  1. Податоци кои корисниците доброволно ги доставуваат

Личните податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб – страна се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите надлежности утврдени согласно со закон.

Може да обработуваме некои од следниве категории на лични податоци: име и презиме, адреса, контакт телефон и e-mail адреса.

Како ги собираме личните податоци 

Личните податоци кои ги обработуваме ги добиваме преку и-меил пораките кои вие ги праќате преку контакт формата и формата “кариера во АМ Брокер”.

Категориите на корисници на лични податоци 

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:

  • По барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување .

Кои се Вашите права? 

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци
  • право на пристап до личните податоци
  • право на исправка и бришење на личните податоци
  • право на ограничување на обработката на личните податоци
  • право на приговор

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци чии податоци се објавени на следниот линк.

Промена на политиката за приватност 

Политиката за приватност ќе се менува соодветно со промените на активностите во ОБД АМ Брокер АД Скопје.