1) Домаќинско осигурување
Осигурувајќи го своето домаќинство и предметите во него, што и да се случи Вашиот живот ќе продолжи безгрижно и без дополнителни и непредвидени трошоци.
Осигурувањето на домаќинства подразбира осигурување на:
• Станбени објекти, станови и индивидуални згради, како градежни објекти со вградената електрична, топловодна, водоводна и канализациона инсталација кои служат за живеење
• Предмети во домаќинството , предмети кои служат за уредување на станот и предмети за лична употреба, кои се наоѓаат во осигурениот станбен објект и му служат за користење на осигуреникот или членовите на неговото семејно домаѓинство
• Одговорност за штета причинета од и спрема трети лица
• Подмирување на трошоци за нужно сместување на осигуреникот и неговото семејство, кога станот е оштетен до степен да не е погоден за живеење.
Сума на осигурување на градежните објекти е вредноста на објектот. Предметите во домаќинството се осигуруваат на сума во висина од 30% од вредноста на градежниот објект.
Осигурувањето на домаќинства вклучува осигурување од следните основни опасности (ризици):
• Пожар
• Удар на гром
• Експлозија, освен нуклеарна експлозија и радиоактивна контаминација
• Бура
• Град
• Јавни манифестации и демонстрации
• Паѓање на воздушни летала
• Излевање на вода од водоводни и канализациони инсталации
• Излевање на вода од уреди и цевки за топловодни инсталации
• Провална кражба и разбојништво, освен во ненаселени станови и викенд куќи, до колку тоа посебно не е договорено.
Покрај овие, а при дополнителна премија, осигурувањето на домаќинства може да вклучува осигурување и од следните дополнителни опасности (ризици):
• Поплава, порој и високи води
• Лизгање и одронување на земјиште
• Снежна лавина
• Кршење стакло