Вашиот бизнис е секојдневно изложен на разни опасности, кражби, временски непогоди или несреќи.
Осигурувањето на имотот на правни лица опфаќа неколку различни видови на осигурување на малите и средни компании, како и останатите правни лица, со кои се обезбедува целосно покритие од сите ризици со кои се соочуваат правните лица во текот на работењето. На тој начин функцинирањето на еден правен субјект и задржувањето на солвентноста и во случај на штета на градежниот дел, опремата, машините, залихата и останатиот имот е загарантирана.
Непредвидливите настани кои често се со голем интензитет, за жал, во голем број на случаи не можат да се избегнат, но сепак можат да се избегнат обемните финансиски загуби кои се јавуваат како резултат на остварување на осигурениот случај.
Изберете некое од понудените осигурувања или кажете ни ги потребите, а ние ќе креираме соодветно решение.
1) Осигурување од пожар и некои други опасности
Основните ризици вклучуваат: пожар и удар од гром; експлозија (освен експлозија на нуклеарна енергија); излевање на вода од водоводна и канализациона инсталација; луња; град; удар со сопствено моторно возило и сопствена подвижна работна машина во осигурените градежни објекти; паѓање на воздушни летала; манифестација и демонстрација.
2) Осигурување од земјотрес
Можете да ги осигурате деловните простории и предметите во нив од штети предизвикани од земјотрес.
3) Осигурување од опасности од провална кражба и разбојништво
Ова осигурување обезбедува заштита од извршување или обид на провална кражба и разбојништво, како и вандализам во текот на извршување на провалната кражба.
Може да бидат осигурани:
4) Осигурување на машини од кршење и други опасности
Со овој вид на осигурување се дава осигурителна заштита од оштетување или уништување на осигурените ствари од незгода во погонот.
Може да бидат осигурани: машини, машински уреди, електрични уреди и нивното полнење (доколу вредноста на полнењето е содржана во вредноста на осигурените предмети), потоа апарати и инсталации со основата, лежиштето и темелот (доколу нивната вредност се содржи во вредноста на монтажата).
5) Осигурување на стакло од кршење
Може да бидат осигурани: сите видови на стакло; светлечки натписи и реклами; неонски и останати светлечки цевки.
6) Комбинирано осигурување на компјутери и компјутерска опрема
Со ова осигурување е обезбедено осигурително покритие за комплетната хардверска компјутерска опрема.
Осигурениците можат да изберат меѓу два пакети на покритие:
7) Осигурување на објекти во градба и монтажа
Со осигурување на објекти во градба и монтажа се обезбедува заштита од настани кои се непредвидени или се случуваат одненадеж во текот на градењето и монтирањето на објектите.
Може да бидат осигурани: станбени, деловни или индустриски објекти, патишта, хидроградби и останати.