Oсигурување на возила

1) ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА

 Автомобилска одговорност

Со осигурувањето од автомобилска одговорност е покриена граѓанско-правната одговорност за штети причинети кон трети лица, при употреба на моторно возило. Toa практично значи дека штетата што ќе ја предизвика возачот (осигуран од автоодговорност во моментот на настанување на штетата) кон трето лице, нама да биде на негов товар, туку на осигурителната компанија од која е издадена неговата полиса.
Покрај основното осигурување од автомобилска одговорност може да договорите и:

-Дополнително осигурување од последица на несреќен случај за возачот и патниците;
-Осигурување на делумно каско (стакла).

2) Зелена Карта

При патување надвор од Република Македонија со сопствено возило, неопходно е за возилото да се обезбеди Зелен Картон, кое, всушност, е територијално проширување на Осигурувањето од Автоодговорност во сите европски земји членки на системот Зелен Картон.

3) Каско осигурување

Каско значи осигурување од штета на сопственото моторно возило. Оваа полиса всушност ги покрива и штетите за кои можеби Вие сте одговорни. За разлика од осигурувањето од автомобилска одговорност, каско осигурувањето не е задолжително – што значи дека осигуреникот може доброволно да ја склучи полисата со намера моторното возило да го заштити од најразлични оштетувања:

– Сообраќајна незгода
– Кражба и противправно одземање
– Злонамерни постапки
– Пожар, удар на гром, експлозија
– Пад или удар на некој предмет врз возилото
– Временски непогоди (луња, поплава, град, лавина)
– Манифестации и демонстраци

4) Граничното осигурување е достапно за сите странски возила, односно возила на домашни и странски лица кои се регистрирани во странство, кои треба да влезат во земјава, а не поседуваат валидна зелена карта. Во ваквите случаеви се издава гранично осигурување, кое го заменува поседувањето на зелена карта за странското возило. Граничното осигурување се склучува врз основа на важечките услови за осигурување од авто-одговорност. Премијата се пресметува и наплатува во девизи, а ова осигурување важи само за подрачјето на Р.Македонија.