Кога треба да се лекуваме, неопходно ни е осигурување кое што ќе ни гарантира повисок стандард на здравствени услуги, со кое што ќе ни бидат достапни и специјалистички прегледи, дијагностички анализи, хируршки зафати, лекувања, рехабилитации и лекови, коишто не се покриени со задолжителната здравствена заштита. Корисник на доброволното приватно здравствено осигурување може да биде само лице кое има статус на осигуреник во задолжителното здравствено осигурување. Осигурувањето може да се склучи како индивидуално, семејно и колективно.
Изборот на доброволно приватно здравствено осигурување е првиот чекор кон обезбедување подобра грижа за Вас и за Вашите најблиски. Ви нудиме можност за врвна заштита на Вашето здравје и тоа преку: осигурување на специјалистичко вонболничко и болничко лекување, осигурување на операции и осигурување на малигни заболувања, покривање на трошоци за пораѓај и лечење во странство.
Со ова осигурување се покриваат трошоците за специјалистички здравствени услуги, дијагностицирање и лекување во приватните здравствени институции, како и услугите кои што не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се обезбедуваат во јавните здравствени институции.
Обратете ни се за да Ви направиме информативна понуда која што одговара на Вашите потреби и на Вашиот буџет.