Oсигурување од одговорност

1) Општа одговорност

Предмет на осигурувањето од одговорност претставува законската одговорност на осигуреникот за штета што предизвикала смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на предмети на трети лица. Покриени се штети кои ќе настанат од Вашата дејност и активност, од поседување на објекти и предмети, од правен однос како извор на опасност. Воедно, покриени се штети кои се последица од закуп или плодоуживање на земјиште, згради и простории кои се користат за одвивање на дејноста.Ако посебно се договори со ова осигурување може да се покрие :

  • кражба и исчезнување на предмети;
  • загадување на вода и тло;
  • користење, односно поседување, закуп или плодоуживање на : земјиште, згради и простории, коишто се користат исклучиво за потребите на осигурена дејност или занимање;
  • одговорност на инвеститор и изведувач на градежни работи;
  • чисто имотна штета.

2) Професионална одговорност

Ова осигурување ги покрива оштетните побарувања на нарачателот на услугите, а кои настанале поради стручна грешка на осигуреникот во вршењето на регистрираната дејност и за кои осигуреникот одговара врз законска основа. Осигурувањето од професионална одговорност ги покриве следниве подкласи:

  • Осигурување од одговорност од дејност на сметководители
  • Осигурување од одговорност од лекарска грешка
  • Осигурување од одговорност од дејност на нотари
  • Осигурување од одговорност од дејност на адвокати
  • Осигурување од одговорност од дејност на ревизори
  • Осигурување од одговорност од дејност на стечајни управници
  • Осигурување од одговорност од дејност на геодети
  • Осигурување од одговорност од дејност на проектанти
  • Осугурување од одговорност од дејност на изведувачи на градба
  • Осигурување од одговорност од дејност на изведувачи на монтажа
  • Осигурување од одговорност од дејност на туристички агенции