Осигурителното брокерско друштво AM БРОКЕР AД Скопје ул.16-та Македонска Бригада бр.2 е основано согласно Законот за супервизија на осигурување со решение бр.УП 07-1-1011 од 26.12.2013 год. од Агенцијата за супрвизија на осигурување од Р.Македонија. Друштвото со работа започна на 20.01.2014 година. Предмет на работење на Друштвото го сочинува вршење на следните дејности:
1. Анализа и оцена на ризикот – снимање на ризик
2. Целосна осигурителна услуга која вклучува:
3. При настанување на осигуран случај (штета):
ВАШ БЕНЕФИТ
АМ БРОКЕР АД ви нуди:
Сигурност
Најважно за Вас е дека користењето на нашите професионални услуги е бесплатно и на никаков начин не ја зголемува висината на осигурителната премија заради тоа што осигурителниот брокер ја добива својата провизија врз основа на договор со осигурителната компанија.
АМ БРОКЕР АД работи во Ваше име и за Ваша сметка и како професионални учесници на осигурителниот пазар одлично ја познаваме финансиската состојба, политиката и карактеристиките на осигурителните компании кои функционираат на пазарот.
АМ БРОКЕР АД посредува во склучување на сите видови на осигурување како имотни осигурувања, транспортни осигурувања, осигурувања од одговорност, осигурување на лица, осигурување на моторни возила како и разни комбинирани пакети на осигурување.
Квалитетно осигурување за пониски цени
Ние детално ги познаваме општите услови за осигурување на различните осигурителни компании. Штитејќи ги Вашите интереси, ние ги избираме најповолните тарифи и услови за осигурување. Врз основа на тоа, ние Ви го предлагаме најповолното покритие во осигурување и можеме да постигнеме договор со осигурителната компанија за намалување на осигурителната премија и подобрување на условите.
Заштеда на Вашето време
Во секое време сме спремни да Ви дадеме бесплатна консултација и да Ви одговориме на сите Ваши нејасни прашања во врска со осигурувањето. Можете да го користите нашето професионално искуство при ликвидација на штетите со што би ја убрзале исплатата на Вашето осигурително обештетување.
Користејќи ги нашите услуги Вие штедите време,пари и енергија, а добивате искусен и професионален партнер.
Соработката со АМ БРОКЕР АД Скопје ја официјализирате со потпишување на Овластување со кое го овластувате Осигурителното брокерско друштво АМ БРОКЕР АД да посредува при склучување на осигурување на Вашиот имот и добра, како и посредување и реализирање на оштетени побарувања пред осигурителните компании.