Осигурување од професионална одговорност за IT компании

IT осигурување од професионална одговорност за грешки и пропусти може да Ви обезбеди покритие доколку Вашиот клиент Ве оптужи за професионална грешка и за тоа да бара финансиска надокнада. Причината на клиентот може да биде во потполност оправдана и валидна или клиентот неправедно да ве обвини првенствено затоа што не ја разбира природата на IT услугата. Во секој случај, нема да можете да избегнете тужба ама затоа IT осигурување од професионална одговорност може да Ви помогне да ги платите сите правни и авокатски трошоци во процесот на решавање на судскиот спор. Дури и да сметате дека не сте виновни, немојте да се надевате на едноставен и лесен судски спор. Иако Вашата работа Вам Ви е потполно јасна, сложените детали на новите технологии не се секогаш јасни за судиите и за поротата. Тужбата ќе вкучи детално разгледување на сите детали од Вашата работа и ќе Ве чини многу време и пари.

 

Како осигурувањето на професионална одговорност за IT компании функционира?

Доколку клиентот тврди дека сте биле професионално немарни, дека сте испорачале непотполен проект или сте направиле грешка, Вашата полиса за IT осигурување од професионална одговорност може да обезбеди средства кои би ги покриле трошоците од потенцијално скапите судски спорови.

За колкави цифри се работи? Согласно NSBA Економскиот извештај од 2014 година, сајбер нападите ги чинат малите компании во просек 20.752$ по напад. Во 2013та година износот бил 8.699$ по напад. Со време овие напади ќе стануваат се поскапи, а тоа директно ќе влијаа врз Вас. На пример, ако Вашиот клиент претрпи сајбер напад и Ве оптужи Вас заради тоа што системот е ранлив ќе бидете доведени во ситуација да мора да ги сносите трошоците кои ќе поизлезат од штетата. IT полисата за осигурување од професионална одговорност може да покрие:

  • Адвокатски такси (дури и тужбата да не е основана)
  • Судски трошоци, во случај предметот да отиде на суд – полисата ќе Ви помогне да ги платите трошоците за користење на вештак, како и сите поврзани судски трошоци
  • Трошоци поврзани со порамнување, пресуди и казни

АМ Брокер преку Polaris Corporate Solutions GmbH Ви нуди продукт на Lloyd’s London  кој ќе Ве заштити од овие ризици. Обратете ни се за да Ви направиме информативна понуда која што одговара на Вашите потреби и на Вашиот буџет.